Актуелниот министер за земјоделство, Љупчо Николовски вети враќање на „украднатиот живот“ на граѓаните, а актуелниот премиер Зоран Заев враќање на 15 отсто од ДДВ, односно плата плус за секое семејство.

Тие што заборавиле нека се потсетат, тие што паметат што се ветуваше оваа власт на изборите откако „ќе го срушат режимот на Никола Груевски“ нека погледнат и нека слушнат.

– Јас ќе бидам премиер, јас ви гарантирам, новата Влада ќе донесе закон за враќање на 15 проценти од ДДВ на секој граѓанин и ќе обездедиме плата плус, изјавуваше пред избори Заев.

Народот вели „баба лаже, трап не лаже“. А во актуелен контекст, може да гласи и „премиер лаже, но видеата од ветувањата си стојат на интернет“!

До каде сме со носењето закон, за враќањето на 15% ддв ?До каде сме со Ветеното Обврзување, за Плата Плус, за секое семејство ?#ВистинатаЗаМакедонија !#ДостаЛажевте !

Gepostet von Лажевте am Montag, 8. April 2019