Денеска километарски колони возила од изутрина чекаа пред граничниот премин Богородица за влез во Грција, каде за викендов заминале 31.268 македонски државјани и 43.085 странски државјани.
На социјалните мрежи се споделуваат видеа и коментари дека колоната е долга и до десет километри и дека воопшто не се гледа границата.
– Добро утро Илинденци, убав провод, пишува објавувачот на видеото на една од групите на Фејсбук.
По реакцијата на граѓани дека на Богородица се чека и по два часа, од МВР велат дека граничниот премин работи со полн капацитет.
– На ГП Богородица се работи со полн капацитет. Сите сообраќајни ленти наменети за контрола на патници се во функција, сѐ со цел непречено и брзо извршување на потребната контрола за излез од Северна Македонија. Во моментот времето на чекање не е подолго од 30 минути – велат од МВР.
Од МВР велат дека од петокот до денеска до 11 часот, границата на преминот Богородица ја поминале 31.268 македонски државјани и 43.085 странски државјани. Најчести меѓу странските државјани се Срби, Романци и Унгарци.
Од МВР додаваат дека граничниот премин работи со полн капацитет, во функција се сите сообраќајни ленти.
– На ГП Богородица се работи со полн капацитет. Сите сообраќајни ленти наменети за контрола на патници се во функција, сè со цел непречено и брзо извршување на потребната контрола за излез од Северна Македонија, велат од МВР.
Видеото може да го отворите ТУКА.
Уште едно видео ТУКА.