Прашањето е „зошто го сечете дрвото“, а одговорот едноставен „за да се гледа поубаво билбордот“.

Прашањето, одговорот и дрвото се во Скопје, а на билбордот е кандидатот за градоначалник на Кисела Вода, Филип Темелковски.

Сигурно и овој кандидат, како и останатите, ветува повеќе зеленило, паркови и дрвја во општината на која е актуелен градоначалник и кандидат за втор мандат од СДСМ.

Туку прашањето сега е друго: Каде се оние силни паркобрани од времето кога градоначалник на Скопје беше Коце Трајановски и кои дигаа „зелени и шарени револуции“ кога Коце ќе пресечеше дел и допола и една исушена топола?!

Видеото од овој „еко-проект“ во Кисела Вода можете да го погледнете ТУКА.