Tурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска е кум на свадбата на Јасмина Изетбеговиќ, ќерка на Бакир и Себија Изетбеговиќ и внука на поранешниот претседател на Босна, Алија Изетбеговиќ.
Со нејзиниот избраник Самил Хумашкиќ направија шеријатска венчавка во џамијата Газа Хусрев-бег во Сараево, претходно проследена со граѓанска венчавка и забава вредна еден милион марки, или околу половина милион евра.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пристигнал во Сараево со целото свое семејство. Дојде со сопругата Емина Ердоган, синот Билал и снаата Рејан. Билал и Рејан се исто така долгогодишни пријатели на Јасмина Изетбеговиќ.
Информацијата за парите што треба да се потрошат за венчавката на ќерката на Изетбеговиќ ја објавија сараевските медиуми, а младенците и нивните родители беа целосно засенети од кумот, турскиот претседател.
На свадбата на Јасмина и Шамил присуствуваат околу 250 гости, кои според специјални протоколи мора да ги остават мобилните телефони пред да влезат во хотелот каде што се одржува прославата. Поканите се кодирани и никој освен гостите нема да може да влезе на прославата.