Изминатите 10 години за Македонија и македонскиот народ беа исклучително тешки, рече во своето обраќање пред колегите хрватската европратеничка Маријана Петир.
– Прво се соочуваа со блокада и неправеден третман, потоа со притисоци кои доаѓаа од различни страни, и кои имаа влијание не само на политичкиот живот, туку и на економијата во државата, како и на општеството во целина. Владеењето на правото и демократијата беа во искушение, што доведе до директен притисок за зачувување на националниот идентитет со присилното менување на името на државата. Тој притисок што е извршен врз Македонија е апсолутно недозволив и многу ми е жал поради тоа што и ЕУ учествуваше во тоа, рече во своето обраќање Петир.
Европратеничката Петир во видеото пошироко говори за проблемите и актуелната состојба во Република Македонија, за СЈО кое се злоупотребува за политички притисок и други актуелни проблеми.