Европскиот центар за прогнозирање бури, Естофекс, издаде предупредување од трет, највисок степен за северно подрачје на Хрватска.
Предупредувањето од трет степен е издадено за североисточна Италија, северна Хрватска и северните делови на БиХ. Предупредувањето главно се однесува на силен ветар, град и обилен дожд. Предупредување од втор степен е издадено за северен Јадран, а невремето стигна во хрватско Загорје околу 14 часот, пишува Загорје.ком.
Град со поситно но и покрупно зрно паѓаше во повеќе места во овој регион од Хрватска.
Невремето го зафати и подрачјето на Риека и Кварнер. Истрамет објави необична глетка од автопатот Риека – Загреб: „Себичњаци го блокираа автопатот за да ги заштитат своите автомобили под надвозниците. А што ако налета шлепер? Страшно“, објави Истранет (фотографија на почетокот) на својот профил на Фејсбук.
Метеоалармот е на сила за цела Хрватска. Портокалов аларм е издаден за регионите Риека, Госпиќ, Карловац, Загреб и Осиек. Тој се однесува на можни грмежи и невреме со силен ветар и град.
Жолт аларм е на сила за книнскиот, сплитскиот и дубровничкиот регион, како и западниот брег на Истра, Кварнер, Веебитскиот канал и северна Далмација. Метеоалармот е издаден за можен силен дожд проследен со ветер, а за книнскиот регион жолт метеоаларм поради високи температури.
Силен дожд и грмежи од северниот дел на Србија доаѓаат кон Белград, а според најавата на метеоролозите врнежите најпрво ќе ги зафатат западните и централните делови на Србија, јавуваат српски медиуми.
– На подрачјето на Белград почна силен дожд и грмежи, во западните делови во 18:45, а во централните во 19 часот, стои во најавата на Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија.
Небото над Белград е темно, а во некои делови почна да грми и секавици.