Морам да дојдам во Македонија и да го видам прекрасниот Охрид, изјави синоќа најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ по антологиски меч против легендарниот Швајцарец Роџер Федерер.
По пет часа неверојатен тенис Ѓоковиќ со 3:2 во сетови го доби дуелот со големиот Федерер и покажа дека заслужено се наоѓа на врвот на АТП листата.
По исцрувачката битка Ѓоковиќ на прес-конференција одговараше на прашањата на новинарите.
Во своето излагање популарниот српски тенисер ги поздрави своите македонски фанови и упати поздрав за Македонија и истакна дека „морам да дојдам во Македонија и да го видам прекрасниот Охрид“.
Изјавата за Македонија е после 16 мнинута во видеото.