Пожарот во атарот на село Tажево се проширува кон Брезница, каде гори борова шума, а пожарот лесно може да се прошири кон резерватот Јасен, објави ТВ Телма.
Теренот е со густа шумска вегетација која ако биде зафатена од пожарот може да предизвика сериозни последици, велат од Центарот за управување со кризи.
На терен веќе се вработените од Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје Јасен и едно теренско возило специјализирано за гаснење шумски пожари.
Планирано е да интервенираат од противпожарните единици на Македонски Брод, а активирани се и Ер-тракторите за гаснење од воздух.
На терен дејствува и хрватски Канадер, што може да се види на видеото како полни вода од вешташкото езеро Козјак за да дејствува на пожарот во близина на резерватот.