Премиере, вие сте херојот на денешницата, вие сте нашиот херој, му порача од говорницата на СДСМ еден од сопартијците на премиерот Димитар Ковачевски, а потоа следуваше громогласен аплауз од останатите членови и симпатизери.
– И додека попуштаат економиите и даваат оставки премиерите на високо развиените европски земји, вие премиере и вашиот владин тим, ефикасно и одговорно се соочувате со проблемите и предизвиците на ова денешно кризно време, порача сопартиецот на Ковачевски.
Вакви бодрења, со поезија, рецитали и со солзи се веќе видени и чуени.
Исто како Ковачевски, како херој беше и „спасител на Македонија“ беше донесен и претставуван и неговиот претходник Зоран Заев, кој ниту ја спаси Македонија, ниту пак ја доби Нобеловата награда, за која беше номиниран и долго време јавноста се занимаваше со тоа, додека „кучињата лаеја по Нобеловата, а тендерите, криминалот и корупцијата си врвеа“.
Видеото може да го отворите ТУКА. И уште едно видео кое може да го отворите ТУКА.
(Д. Г.)