Војната во Украина предизвикува редица предизвици на многу полиња со кои мора да се соочиме, вели министерката Славјанка Петровска.

– Најголем предизвик е и допрва ќе биде енергетската криза. Кога енергенсите стануваат оружје и средство кое има за цел да ја скрши нашата волја за поддршка на суверена Украина, тогаш треба да бидеме уште посилни и напорно да работиме за намалување на зависноста и влијанието на енергенсите како закана за нашите земји и во иднина, објави Петровска на својот профил на Фејсбук.

Таа објаснува дека објавата е „од моето излагање на Регионалната конференција „Војната во Украина и влијанијата на надворешни актери – безбедносни предизвици за Европа и регионот“ во организација на Konrad-Adenauer-Stiftung North Macedoniaегионот“ во организација на Konrad-Adenauer-Stiftung North Macedonia“.