Хуманитарен концерт ќе биде одржав во април во Битола, а сите пари ќе бидат наменети за возобновување на храмот на Ботолското Кале.

– Почитувани пријатели и љубители на нашата долгогодишна работа во Македонија и низ целиот свет, ве покануваме на нашиот концерт кој ќе се одржи на 21 април 2023 година во Центарот за култура во Битола.
Средствата од концертот ќе бидат наменети за Царската црква, Успение на Пресвета Богородица и 12 Апостоли- Битолско кале, која е значаен историски и културолошки храм и една од најстарите цркви во Битола и околината, но за жал во минатото разрушена и напуштена, се наведува во повикот.

Натаму во соопштението се додава:

– Сите заедно да оставиме уште еден белег, да придонесиме да се подигни овај Божји храм, со Божји благослов, да го реализираме овој преубав проект и да помогниме вo неговото возобновување на постоечките темели за кои добивме благослов од Битолската Митрополија. Се гледаме на концертот на кој ќе имате прилика да ги слушате сите хитови испеани од мене Анета Мицевска и група Молика. Влезници по цена од 150 денари ќе се продаваат на касата во Домот на култура секој работен ден. Ве очекуваме, се наведува во поканата од Анета и Молика.

Видеото може да го отворите ТУКА.