Вечерва додека пред Собранието се одвиваше мирниот протест, бојосан со црвена и жолта боја е штабот на ВМРО-ДПМНЕ во центарот на градот.
Според ВМРО-ДПМНЕ ова е дело на луѓе блиски до СДСМ.
– Вечерва на најкукавички начин по принципот на Шарената револуција беше нападнат штабот на ВМРО-ДПМНЕ затоа што не го поддржува штетниот договор потпишан од Заев. Вечерва власта на Заев покажа на што се е подготвена за да успее во распродавањето на националните интереси. Ова нема да помине така и за ова ќе има одговор и жестока реакција согласно акцијата, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
За вандалскиот чин доцна синоќа информираше генералниот секретар на партијата Игор Јанушев. Во видеото е неговото обраќање за нападот и кукавички каменуван централен штаб на ВМРО-ДПМНЕ.