Министерот за екологија Насер Нуредини, со кој неодамна по историската „метла на Заев“ беше освежен владиниот кабинетот, и кој ја наследи фотелјата на Садула Дураку, не говори македонски, но ни албански.
Нуредини во интервју за ТВ Алсат, на прашањата на водителката, одговараше на англиски јазик. Дали за цел свет да го разбере или пак не знае ни албански, не е јасно.
Нуредини е банкар од Виена, син на австрискиот бизнисмен Аки Нуредини и зет на академикот Абдулменаф Беџети. Неговиот татко е сопственик на ресторанот „Соле“ во Виена, а потеклото му е од тетовското село Камењане.
Нуредини во интервјуто за Аласат рече дека „интензивно работи на откривање на главните загадувачи на воздухот и дека Владата ја истражува можноста за финансирање на нови начини за затоплување на домаќинствата, како и на институциите“.
Тој нагласи и тоа дека главен приоритет е решение за проблемот со нелегалниот отпад и депониите.