Тоа што синоќа се случи во Белград, каде демонстрантите упаднаа во националната РТ Србија, пред четири години се случи во Република Македонија.

И во Македонија беше „борба против режим“, а и паролите во Србија се исти, повторно „борба против режим“.

Дали Србија задоцни четири години или Македонија беше побрза исто толку, пресудете сами, според видеото што го позјамуваме од Фејсбук и благодетите што ги чувствувате од „урнатиот режим“, слободата, правдата… И се друго што уживате откако дојде „Живот за сите“.

За потсетување:

Членови на Достоинство придружувани од други партиски активисти и граѓани, предводени од Стојанче Ангелов денеска (28 март 2015 година) излегоа на протест пред МРТ. Се обидоа со притисок да ја принудат МТВ да ги објави прислушуваните разговори кои ги презентира опозицијата, а за кои Јавното обвинителство предупреди дека објавувањето е казниво со закон.

И покрај предупредувањата на обвинителството МРТ во изминатиов период е изложена на жесток притисок, невиден во демократските системи. Денешниот протест се претвори во политички собир на кој беа побарани оставки од премиерот и министрите во владата. Демонстрантите на звучници ги пуштаа прислушуваните разговори.

Тоа е веста од Македонија пред четири години, а новата вест е синоќешната од Србија. На сличен начин синоќа во српската национална телевизија РТС влегоа демонстранти кои со моторна пила бараат слобода и објективно информирање.

 

 

Десант на МРТВ 28.03.2015

Десант на МРТВ 28.03.2015МРТ изложена на жесток притисок28.03.2015 http://mrt.com.mk/ #UCK #УЧК https://twitter.com/1VidiVidi/status/1107296395743166467Членови на Достоинство придружувани од други партиски активисти и граѓани, предводени од Стојанче Ангелов денеска излегоа на протест пред МРТ. Се обидоа со притисок да ја принудат Македонската Телевизија да ги објави прислушуваните разговори кои ги презентира опозицијата а за кои Јавното Обвинителство предупреди дека објавувањето е казниво со закон. И покрај предупредувањата на обвинителството МРТ во изминатиов период е изложена на жесток притисок, невиден во демократските системи. Денешниот протест се претвори во политички собир на кој беа побарани оставки од премиерот и министрите во владата. Демонстрантите на звучници ги пуштаа прислушуваните разговориАнгелов продолжува со притисоците врз МРТВ04.04.2015 http://mrt.com.mk/node/21930Ангелов на денешниот собир рече дека ќе падне крв доколку власта се обиде да го уапси лидерот на опозицијата Зоран Заев, зашто почнал да ги објавува снимките…Членови на Достоинство, придружувани од други партиски активисти и граѓани, предводени од Стојанче Ангелов, денеска излегоа на нов протест пред МРТ.Се обидоа со притисок да ја принудат Македонската телевизија да ги објави прислушуваните разговори кои ги пушта СДСМ, а за кои Јавното обвинителство предупреди дека објавувањето е казниво со закон.И покрај предупредувањата од сртана на обвинителството, МРТ во изминатиов период во континуитет е изложена на жесток притисок, невиден во демократските системи. Ангелов на денешниот собир рече дека ќе падне крв доколку власта се обиде да го уапси лидерот на опозицијата Зоран Заев, зашто почнал да ги објавува снимките.

Gepostet von Sekula Vojvoda Fan Club am Freitag, 25. März 2016