Инцидент се случи вчера на предизборниот митинг на Петре Шилегов од кампањата „Најдоброто за мојата општина”, во Кисела Вода, кога и се слоши на една девојка, кандидатка на советничката листа на СДСМ, која стоеше на бината веднаш зад Шилегов кој беше на говорницата.
Од снимката се гледа дека девојката одеднаш падна зад грбот на Шилегов, кој само се сврте и продолжи со говорот.
На помош на девојката и пристапија присутните и помогнаа да стане, по што таа беше однесена настрана од подиумот на кој беа преставувани.
Видеото може да го погледнете ТУКА.