Околу 17 лица беа повредени или избодени со нож ноќеска во метрото во Токио од 24 годишен човек кој бил маскиран како ликот „Џокер“ од серијалот „Бетмен“. Најмалку тројца од повредените се сериозно повредени.
На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како исплашени и испаничени патници бегаат од налетот на напаѓачот.
Нападот се случил во метрото каде што имало патници кои оделе на прослава на празникот Ноќ на вештерките.
Според јапонските медиуми 24 годишниот напаѓач најпрво го испрскал вагонот со запалива течност, по што предизвикал пожар во тој дел од метрото. Потоа почнал да ги боде патниците со нож, а откако сите побегнале тој седнал на едно седиште, запалил цигара и чекал да биде уапсен.
Локалните медиуми шпекулираат дека 24 годишниот Јапонец пред полицијата изјавиј дека сака да биде осуден на смрт и заради тоа пробал да убие што е можно повеќе патници.
Видео од хаосот во метрото во Токио можете да погледнете на следниов ЛИНК.