Се наоѓаме пред Студентскиот дом Стив Наумов, место на кое според СДСМ уште пред година ипол требаше да почне со градба студентски град. Наместо тоа, ситуацијата во домот е полоша од кога било, изјави денеска Јован Јаулески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
– Овие слики се сликани во текот на вчерашниот ден, од кои се гледа нешто што треба да биде тоалет. Ова не е тоалет, ова е руина. Почитувани родители, во вакви тоалети одат вашите деца кои живеат во Стив Наумов. Откако е сменета власта, веќе две години, владата нема одвоено ни денар за СД Стив Наумов, а ниту за другите студентски домови, рече тој.
Во продолжение текстот и фотографиите што ги објави Јаулески:
Проблемот со руинираните тоалети, е само капак на проблемите кои се таложат две години. Имено студентите во текот на зимата овде немаа топла вода во купатилата, додека храната веќе со месецот е слаба и не ја задоволува калоричната вредност која треба да ја внесува еден млад човек.
Ова се слики од храната, сликана од студенти, а објавени на медиумите, од кои се гледа отпушоци и инсекти во истата.
Ова не е страшно. Ова е алармантно.
Власта две години со прст нема мрднато за младите.
Пред иста ваква табла, Стефан Богоев и Дарко Каевски пред две години промовираа како ќе изгледа студентски град, и ги најавуваа инвестициите на студентските домови. Две години потоа, Богоев е градоначалник, а Каевски директор, додека од студентскиот град нема ништо, не е ниту на повидок.
Заев ги излажа и злоупотреби младите. Време е за одговорност. Време повеќе нема. Младите сакаат иднина.