Сопственик на ресторан во Гевгелија е казнет со 7.000 евра поради тоа што полицијата во неговиот угостителски објект открила дека четири гости влегле со фалсификуван ковид сертификат.
ТВ Нова пренесува за поддршката на граѓаните на Гевгелија за сопственикот на ресторантот CREAM Ристо Петков, кој бил казнет од страна на инспекциските служби затоа што во ресторантот биле затекнати лица со лажни сертификати.
– Ми го уништија бизнисот, не можам да платам 7,000 евра казна за Ковид сертификати. Две години се боревме да преживееме. Две години не можеме два денара да извадиме. Позајмици правам да платиме струја, плати. Ова е катастрофа. Дали сум јас или некој друг, вака не бива. Јас не сум убиец. Идат гости, во време кога има 100.000 лажни сертификати, кога економијата е нула, ова ни го прават, знаете ли колку пара е седум илјади евра?, рече во емотивниот говор Петков, сопственикот на ресторантот.
На социјалните мрежи се врти видеото на кое пред ресторанот, во плач, на јавноста и се обраќа казнетиот сопственик. Тој зел кредит за да отвори ресторан, а астрономската казна ќе ги закопа неговите намери да заработува и да живее.
Погледнете го видеото ТУКА.