Политичари, учете од овие луѓе како се сака Македонија, гласеше една од пораките во завршниот коментар на репортерот на МТВ, Тони Стојановски за пласманот на Македонија на ЕП во одбојка.

Стојановски кој стана популарен со коментарот, кон крајот на минатата година, за пласманот на македонската фудбалска репрезентација, сега ги доби симпатиите на публиката и за одбојарите.

Како што е познато веќе, вечерва Македонија оствари голема победа против Турција од 3:1 за пласман на македонските одбојкари на Европското првенство.