Македонија и вторпат едноподруго ќе игра на Европското првенство во одбојка!

Нашите репрезентативци дојдоа до потребната победа од 3:1 над селекцијата на Турција со која и математички е меѓу патниците на завршницата на европското првенство кое ќе се одржи во втората половина од оваа година.

Силната Турција која не победи со 3:1 на првата средба, успеавме да ја совладаме и со тоа, заедно со нашите денешни противници, да го потврдиме учеството на европскиот собир.