Премиерот Димитар Ковачевски, кој денеска беше пак во инспекција и пазарење во маркети, да проверува замрзнати цени, се пошегува на сметка на фудбалскиот талент на неговиот министер за економија, Крешник Бектеши.
Ковачевски како „селектор“ настапи откако со Бектеши беа сопрени од поранешна македонска ракометарка со која направија муабет за нивните спортски афинитети. Притоа Ковачевски и рече дека Бектеши порано бил фудбалер и играл за Влазерими од Кичево, а сега игра само за Артан Груби в канцеларија, објави А1он.
– Еве го Бектеши. И тој беше спортист на времето. Фудбал играше за Влазерими од Кичево. Сега игра за Артан Груби во канцеларија, таму дава голови и постигнува кошови, се пошегува Ковачевски во разговорот со ракометарката која сега е пензионерка.
Таа му рече дека била „најдобрата голманка во Македонија“, а Бектеши одговори дека во канцеларијата на Груби тој забивал кошеви, додека Груби постигнувал голови.
Денешната инспекција на премиерот и министерот беше трета проверка на на замрзнатите цени и трет пат сниман од новинарите додека пазари низ супермаркети.
Видеото на А1он може да го отворите ТУКА.