(видео) КОВАЧЕВСКИ: Планирам на колегата Петков да му кажам дека и ние ќе отвориме клуб во Благоевград, за името допрва ќе одлучиме

/ 28.04.2022

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Собранието, по пратеничко прашање од пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи, истакна дека ќе му каже да претседателот на Владата во Бугарија, Кирил Петков дека и Македонија че отвори Културен центар.

-Планирам директно да го информирам колегата Петков дека како Влада во текот на оваа година имаме намера да отвориме нов културен центар во Република Бугарија, во Благоевград, а името на центарот ќе го определиме во комуникација со нашиот институт за историја, рече Ковачевски.

Ова е прва седница за пратенички прашања до членовите на Владата на премиерот Димитар Ковачевски, закажана откако поминаа 100 дена од нејзиниот избор.


Од истата категорија