Премиерот Димитар Ковачевски од првиот национален саем за храна и пијалоци си купи жолта ракија по цена од 350 денари.

Тој рече дека за нивната ракија дознал уште во Белград за време на саемот на Отворен Балкан и тогаш сите му ја фалеле дека е многу добра.

Над 200 мали производители, изложувачи на храна и пијалаци, и 40 здруженија учествуваа на првиот национален Саем за храна и пијалаци – Вкуси ја традицијата, што денеска во организација на Слоуфуд Македонија со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржува во Градскиот парк во Скопје.

Ковачевски на саемот беше во друштво со министерот за земјоделство Љупчо Николовски, вицепремиерот Фатмир Адеми и други.

Инаку, во изминатиов месец Ковачевски на своите партиско-државни патувања низ Македонија, во повеќе наврати, ручаше ќебапчиња, тост сендвич, мартадела и друго. Со ракијата од саемот го комплетира менито и со народен аперитив – жолта препечена.