Медиумите во Австрија денеска го објавија идентитетот на македонскиот државјанин кој до смрт ја избодел својата сопруга на паркинг пред супермаркиет во градот Тулин. Се работи за 36-годишниот Џемаил М. од скопско Ласкарци.
На убиството претходеле расправии, закани и малтретирања, при што полицијата морала да интервенира во повеќе наврати.
Тој синоќа ја сменил профилната фотографија на социјалната мрежа Фејсбук, а 13 часа подоцна бил на местото на злосторството, чекајќи ја својата 32-годишна сопруга. Триесет и шестгодишниот маж, наводно, имал и проблеми со коцкањето.
Тоа е последната вест за вчерашната крвава семејсна драма, а во продолжение е тесктот што претходно го објавивме:
………….
Државјанин на Република Македонија ја убил својата сопруга на паркинг во австрискиот град Тулин, јавија повеќе австриски медиуми.
Трагичниот настан се случил вчера напладне, осомничениот маж за убиството ја пречекал својата сопруга на паркинг пред супермаркет, каде што ја избодел со нож пред очите на повеќе сведоци. Жената починала на местото на злосторот пред супермаркет, потврди полицискиот портпарол Хајнц Холуб.
Австриската полиција соопшти дека жртвата е повеќе пати избодена со нож во вратот, а мотивот за ваквото грозоморно убиство се уште не е познат и дополнително се истражува.
Осомничениот е 36-годишен државјанин на Македонија, а од Македонија е и неговата убиена 32-годишна жена, која била мајка на две деца.
Децата на брачниот пар се на возраст од 6 и 10 години и тие не биле на местото кога се случило убиството, а по трагедијата биле згрижени од надлежните австриски институции.
Осомничениот е уапсен и е пронајдено е оружјето со кое е извршено убиството.
Локалните медиуми пишуваат дека мажот ја убил сопругата со повеќе убоди во вратот. Таа искрварила до смрт на паркинг пред супермаркет каде се создала паника. Според некои медиуми, пак, нивните две малолетни деца биле сведоци злосторството, а институции ги згрижиле по трагичниот настан.
Предупредување за читателите: видеото е со морничави сцени.