За скандалите на Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо Бајден, се зборува од поодамна, но сега на виделина излегоа детали од неговиот лаптоп, како и историјата на пребарување што ја открива неговата опсесија со порнографија.
Списокот на пребарувања опфаќа само шест дена во март 2019 година, пред да го скрши лап топот и да го однесе на поправка. Компјутерот е полн со многу вознемирувачки содржини, бидејќи, како што се наведува, Хантер најмногу барал порнографија, вклучувајќи фантазии за инцест, 18-годишни тинејџери, осамени вдовици и милф дами на крек. Тој барал и инструкции како да го хакира мобилниот телефон на љубовницата, а неговото име го впишувал неколку пати во пребарувањето на Гугл.
Во лаптопот се откриени десетици видеа кои ја откриваат склоноста на Хантер да се снима себеси за време на секс со проститутки и да објавува домашни филмови на неговиот профил на Порнхаб под корисничко име RHEast.
Хантер Бајден се погрижил на објавените видеа да не му се види лицето. Од 281 веб-страница снимени во неговата шестдневна историја на пребарување, дури 98 биле порнографски.
Меѓу неговите порнографски пребарувања е и текст од Њујорк пост од 2009 година за неговата сестра Ешли Бајден и нејзината историја на забави, апсења и наводна употреба на канабис додека била студентка во Њу Орлеанс.
На видеата на лаптопот се гледа како синот на претседателот нарачува проститутки во неговата хотелска соба во Калифорнија и Конектикат, разговарајќи со нив за купување крек и снимање порно со нив, кое потоа го објавил.
Сликата на профилот за неговиот налог е фотографија од две жени кои седат на него во неуредна просторија, а во позадина седи мало бело куче на креветот.
На снимката се гледа како Хантер ја става раката околу вратот на една жена додека има секс со неа. Видеата најчесто се направени со камера на неговиот лаптоп, но во неколку наврати користел и мобилен телефон на селфи стап. Во една прилика имал однос со две жени, а едната сè снимала со iPad.
На страницата, на која последен пат се најавил пред три години, тој се опишал како 45-годишен самец, хетеросексуалец кој живее во Париз. Други корисници на Порнхаб коментирале на видеата, очигледно свесни дека овој налог го користел Хантер.
Документите на неговиот лаптоп покажуваат дека тој можеби ја шпионирал својата љубовница Хејли Бајден, која била сопруга на неговиот покоен брат Бо, како и дека ја обвинувал за прељуба со злобен пријател.