За мене и министерот датумите 18 и 19 имаат значење, беше ноќта на 18 кон 19 кога на ТВ рече дека ќе пиеме кафе, се сретнавме на 19 минатиот месец и еве сега на 18 кон 19 се случи песната, вели Лиде Лиде, обожавателката на министерот Венко Филипче.
Таа, како што објави порталот ММС, го опеа во песната „Лиде на Венко“.
-А што да правам, тој човек ми е инспирација, зошто никој не ме разбира. И преку телевизорот има хемија. Дали е до короната не знам ама знам дека короната е крива за се што се случува. Навистина многу е интересна работата со датумите. Тој кажа- да за кафето на 18 вечерта, така и песнава на 18 вечерта ја објавив. Се сретнавме на 19 минатиот месец. Којзнае што ќе се случи на 18 и 19 следниот месец, може навистина ќе заврши пандемијата или може ќе пиеме кафе. Мислам дека треба да седнеме на кафе за да заврши пандемијата, вели Лиде.
Таа смета дека му е релаксација на министерот Филипче, кој пак со премиерот Зоран Заев се релаксира со мотори.
-Мислам дека јас сум му релаксација после сите стресови. И јас со пораки, песни, емисии за него нема да престанам, се додека тој не ми рече. Песната ми ја смисли еден рапер. А сакав да ја напишам сама, ама тој се стави во моја улога и ја направи. Кога ми ја прати, кога ја читав се газев од смеење и не знаев дали ќе можам да ја изрецитирам. Па после ми стана незгодно, ама си реков што да не. А што има лошо во ова? Имам и лого за „Лиде на Венко“. Мене ми се допаѓа, некои се смееја ама лоши коментари нема. Сега треба да барам спонзори за спот. Еве го поканувам министерот ако сака да го спонзорира спотот, да се овековечиме со песна, вели Лиде.
Сепак, Лиде има една дилема:
-Којзнае што ќе рече кога ќе ја види песната. Мислам дека ќе се насмее. Тој не е таков, баш е супер, вели Лиде.
Извор: ММЦ