Македонците во Егејска Македонија, денешна Грција, како и Македонците во Пиринска Македонија, односно денешна Бугарија, и без грижата од матичната земја Република Македонија и без помош од ЕУ ги негуваат македонскиот јазик, македонската песна и македонската традиција.
Пример за тоа е и ова видео од панаѓурот во селото Гугово, Воденско, во денешна Грција. Како што е објавено на социјалните мрежи, панаѓурот се одржал викендов.
– Велат не нема, ама еве сме, македонски песни… пејат Македонците во Воденско.
Видеото може да го погледнете ТУКА.
(Д.Г.)