Утре, по пет години од настаните на 27 април 2017 година, кога демонстранти кои учествуваа на протестите на „За заедничка Македонија“, испровоцирани од нелегалниот избор на Талат Џафери за претседателот на Собранието, а откако Крсто Мукоски им ги отвори вратите, влегоа во Собранието, ќе се одржи протест пред затворите во Прилеп и Штип. Првиот во 12 часот, а вториот во 16 часот.

Тука ги издржуваат казните осудените за овој настан, кои беа судени според измисленото дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, иако тие само реагираа на пучот кој се одвиваше внатре.

Извршителите на нарачаниот процес дури исчезнаа и од критиките во јавноста. Вилма Рускоска си е и натаму шеф на ЈО за гонење организиран криминал, а Добрила Кацарска е унапредена и сега е претседател на Уставниот суд. Судиите од Апелациониот суд кои ја потврдија пресудата, иако минимално ги намалија казните, останаа некако во сенка.