Македонците од ОМО Илинден од Пиринска Македонија на својот профил на Фејсбук објавија видео на кое се гледа и слуша 89-годишен Македонец од Егејска Македонија, кој им објаснува на турски туристи за минатото на Воден и Воденско:
„Осумдесет и девет годишен Македонец од Воден, Егејскиот дел на Македонија, раскажува на група туристи Турци, чии дедовци на времето се иселиле од околните воденски села во Турција, дека во градот Воден порано немало Грци, и дека тие се доселиле во Воден од Атина и јужна Грција по Балканските војни 1912-1913, откако Грција го окупирала Егејскиот дел на Македонија“, објави ОМО Илинден Пирин.
Од видеото може да се види виталниот Македонец од Воден во разговор со турските туристи.
„Тој им раскажува и за поделбата на Македонија која ја нарекува Големата земја (на Александар и Филип), и точно знае која држава колкав процент окупирала од територијата на етничка Македонија“, пишува во објавата на ОМО Илинден Пирин.
(Д. Г.)