Во организација на првиот вицепремиер Артан Груби, во чест на независноста на Косово, во Албанскиот театар во Скопје се организираше Денот на кечето, објави ТВ 21.
Присутен беше и амбасадорот на Косово во Македонија, Фљоријан Ќехаја.
Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети во својот говор му ја честиташе 15-годишнината на Косово, додавајќи дека за време на празници и радости времето ве враќа назад и ве тера да се сеќавате на други лоши искуства.
Во организација на првиот вицепремиер Артан Груби, во чест на независноста на Косово, во Албанскиот театар во Скопје се организираше „Денот на кечето“.
Присутен беше и амбасадорот на Косово во Северна Македонија, Фљоријан Ќехаја.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во својот говор му ја честиташе 15-годишнината на Косово, додавајќи дека за време на празници и радости времето ве враќа назад и ве тера да се сеќавате на други лоши искуства.
– Денес не се сеќаваме само независноста, не се сеќаваме само на слободата, денес се сеќаваме на сите оние генерации кои паднаа и од УЧК и сите тие патриоти од воспоставувањето на воено-полицискиот режим во 1945 година кога се што било албанско било убивано, затворано, масакрирано и депортирано. Денеска е посебен ден затоа што ова Косово, кое денес ја слави својата 15-годишнина, не е родено како дар од небото, туку израсна од крвавата почва на овој народ, со крвта на најдобрите синови и ќерки, рече Ахмети.
Видеото може да го отворите ТУКА.