Синоќа на социјалните мрежи се појави видео на кое може да се види како полициска патрола гони коњ во запрежна кола, кој неконтролирано трча по автопат, во спротивна насока и сериозно го загрозува сообраќајот.
Од видеото може да се забележи дека овој инцидент, сепак, заврши без несреќа. Коњот со запрегата јуреше токму по брзата лента во спротивна насока по автопатот по кој автомобилите и даваа „предност“ на запрегата која беше неконтролирана од човек. По запрегата полициски возила, исто така, јуреа во спротивна насока и по подолга бркотница успеаја да го сопрат.
Најверојатно инцидентот е случен на автопатот Скопје – Тетово. Нејасно е како на автопат со интензивен сообраќај се нашла запрега? Досега повеќе пати е пишувано за (не)безбедноста на овој автопат, поради оштетена заштитна мрежа и излегување на животни, најчесто кучиња, на коловозот.
Видеото може да го погледнете ТУКА.