Заедничката инвестиција на сопругата на премиерот, Елена Ковачевска со четворицата други косопственици во компанијата „Сол Груп 5 ДОО Скопје“ за изградба на фотоволтаична централа во Радовиш ќе ги чини околу 1,4 милиони евра, објави порталот А1он.

До оваа сума А1он стигна врз основа на груба пресметка од домашни компании кои се занимаваат со инсталирање на вакви енергетски капацитети. Цените на пазарот кои се вртат во Македонија се движат од 700 – 800 евра за монтиран киловат час. Централата на „Сол Груп 5“ е со предвидена моќност од 1.8 мегавати. Maтематички се доаѓа до сумата од околу 1,4 милиони евра.

Инвестицијата на „Сол Груп 5“ влегува во категоријата капацитети од 1 до 10 мегавати, во која има поинаква процедура за инсталирање во споредба со централите над 10 мегавати. Изработката на урбанистички проект, вклучува ревизија и купување на земјиштето. Потоа, потребно е добивање согласност од ЕВН за приклучување кон мрежа, при што компанијата плаќа одредени трошоци. Следува барање и одобрение од општината за изградба на земја, при што компанијата треба да плати комуналии и други трошоци.

Видеото и целиот текст на А1он може да ги отворите ТУКА.