Во интервју за Макфакс, поранешниот министер за правда и актуелен вицепремиер за евроинтеграции Бојан Маричиќ вели дека бифтек во Влада нема јадено, а говори и за снаите и децата нови македонски судии и јавни обвинители.
– За фамозните бифтеци, правдата која само што не дошла, обвинителите, изборот на новите судии и обвинители од редот на снаите и децата, евроинтеграциите – одговара вицепремиерот Маричиќ, се вели во најавата на интервјуто во Макфакс.
Маричиќ, како што најави Макфакс, одговара и како ги „примамуваат“ пратениците за да соберат мнозинство за уставни промени, кој најавил поддршка, а кого убедуваат. Маричиќ зборува и како државата може да му одговори на Христијан Пендиков за обвинувањата, додека за европратеникот Ангел Џамбаски посочи дека е провокатор.
Тој одговара и за внатрепартиските поделби, како и наводниот дуел меѓу Заев и Ковачевски, стои во описот на видеото од Макфакс.
Видеото може да го отворите ТУКА.