Премиерот Христијан Мицкоски по повод една година од смената на власта објави видео-обраќање на својот официјален профил на Фејсбук:

-Мора да се продолжи посветено и уште посилно од луѓе кои размислуваат да се селат, до луѓе кои имаат надеж да останат. Од срамење, потсмев, распродажба на интересите и недостоинствено претставување на државата, до гордо и принципиелно штитење на националните интереси, од секој ден корупциски скандали до со секој ден отворање на нешто ново за граѓаните, од патишта во застој до нови, пуштени во употреба патишта по кои полесно се стигнува до целта, од пензии и плати кои се ниски, до плати кои се достоинствени и кои допрва ќе се подобруваат, објави Мицкоски на Фејсбук.

1 година нов почеток, 1 година градење темели, 1 година за тебе, доаѓа времето на Македонија!

ПОВР