Премиерот Христијан Мицкоски објави сублимат од работата во изминатите 30 дена од новиот владин кабинет.
Мицкоски ги истакнува инвестицијата вредна 500 милиони долари која влезе во Македонија преку изградба на најголемиот парк во државата и регионот од 55 ветерници што ќе отвори 630 работни места.
Нова инвестиција од 20 милиони евра и нови 110 работни места; над 55 инвестициски милиони евра и отворање на 100 нови работни места во ТИРЗ зоната; воспоставување на специјална економска соработка со Унгарија; 5.000 денари линеарно зголемување на пензиите; 250 милиони евра за општините во Македонија, се само дел од проектите кои ги наведува премиерот во објавата на Фејсбук.
-Промовирање на мир, стабилност и владеење на меѓународното право. Работа, посветеност и енергија за секој еден човек! Македонија се сака со дела, нагласува Мицкоски.