топИдентификувавме пет лица кои се вработени во МВР, од инцидентот што се случи во Скопје на протестите, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски утрово за српската телевизија Прва.
Мицкоски објасни повеќе детали за протестите во Македонија во изминатава недела и рече дека лицето кое при инцидентот кај Скендербег пукаше кон демонстрантите, бил вработен во МВР облечен како цивил.
– Пред некој ден организираа (Владата) инцидент. Идентификувавме 5 луѓе кои се вработени во МВР. Тие пукаа во народот. Народот буквално со голи раце тргнаа на пиштолите и тоа може да се види од камерите, сликите и од сето тоа што се случуваше таму. Замислете кога народот со голи раце оди на пиштоли, до каде е дојдена работата, изјави Мицкоски.
Видеото може да го отворите ТУКА.