Овде сме денеска со Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ симболично да го одбележиме најцрното владеење на најцрната Влада во историјата на Република Македонија, изјави денеска Тони Михајловски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Во таа смисла со црни панделки ќе ја украсиме оградата на Владата, онаа ограда од која требаше да направи клупи. Меѓутоа оградата се уште стои заради најверојатно безбедноста на Владата, бидејќи свесни се дека досега го испорачуваат најцрното владеење во историјата на Република Македонија. Црна дупка во културата. Црна дупка во економијата. Црна погубна политика надворешна. Црно распродавање на нашите државни интереси. И едноставно решивме дека црнилата кои припаѓаат треба да ги означиме за да продолжат да ги носат со нив и да знаат дека ништо досега што направиле не носи светлина туку носат само од црно поцрно, изјави Михајловски на протестниот перформанс пред Владата на чие чело е Зоран Заев.