Пратеникот Антонио Милошоски денеска испрати апел до јавната обвинителка Вилма Русковска внимателно да го проследи видеото од обраќањето на Бојан Јовановски алијас Боки 13 при формирањето на Меѓународниот сојуз во 2017 година.

– Почитувана обвинителке Рускоска, слушнете го внимателно Боки 13 и проценете кој би можел да е главниот во хиерархијата на мега скандалот „Рекет“ и мрежата на Меѓународниот сојуз во периодот од мај 2017-2019 година, порача Милошоски.

Со посочување на дел од обраќањето на Боки 13, на конститутивната седница на невладината организација Меѓународен сојуз Скопје во 2017 година, Милошоски апелира Рускоска внимателно да процени кој всушност е главен во аферата „Рекет“.

Видеото може да се отвори и ТУКА.

Почитувана обвинителке Рускоска, слушнете го внимателно Боки13 и проценете кој би можел да е главниот во хиерархијата на мега скандалот "Рекет" и мрежата на Меѓународниот сојуз во периодот од мај 2017-2019 година!

Gepostet von Antonio Miloshoski am Mittwoch, 31. Juli 2019