Јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу уште еднаш пријатно ги изненади Македонците и својата бројна публика која го следи на социјалните мрежи и на неговиот канал на Јуттјуб.
Славниот јапонски бас Котецу ја изведува на пијано, а македонскиот тенор Благој Нацоски ја пее Македонско девојче, познатата македонска народна песна.
На крајот од изведбата се слуша „браво, браво Котецу“. Видеото е објавено на профилот на Котецу на Твитер. Тој досега има испеано многу македонски народни патриотски и љубовни песни, за што сме пишувале во повеќе наврати.
Видеото може да го отворите ТУКА.