Ниту македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи, ниту кој било друг од Владата на премиерот Димитар Ковачевски не се огласија за тепањето на архимандрит Никодим Царкњас од националисти во „пријателска Грција“.

Верски достоинственик и човек во поодминати години е физички нападнат во членка на Евроспката Унија, а од власта во Македонија нема никаква реакција. Од друга страна, устите им се полни со „демократски и европски вредности“ и на премиерот и на министерот, кои молчат, како и комплетната власт во Македонија.

Во меѓувреме, Османи наоѓа време, за релаксирање и фудбал на мали голшиња и кошарка во министерството кое го предводи неговиот сопартиец, вицепремерот Артан Груби. А истиот Османи, со истиот спортски дух, откако добил абер од „стратешките сојузници“, го прекина скијањето во Банско и веднаш отиде во посета во Софија на тепаниот Христијан Пендиков, Македонец кој се изјаснува за Бугарин.

Видеото на нападнатит Царкњас во Егејска Македонија, денес во Грција, може да го отворите ТУКА.

(Д.Г.)