Познатата македонска песна „Македонско девојче“, но само во инструментална изведба, можеше да се слушне среде Солун, на брегот од Егејското Море.
Видеото го објави Обединета македонска дијаспора, а на него може да се види и слушне изведувачот на една од најпознатите македонски песни.
Но, без текст, без зборовите, само во инструментална интерпретација на кларинет на евергринот на Јонче Христовски испеана првпат во далечната 1964 година.
Уличен кларинетист ја изведе на шеталиштето покрај морето.