Полицијата регистрирала два случаи на лица каснати од кучиња скитници во текот на вчерашниот ден.

Во првиот случај, С.Ј.(40) од Скопје пријавил дека на улицата “Февруарски поход“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник во пределот на левата рака.

И.Н.(38) од Скопје, вчера утрината пријавил дека на улицата “Трифун Хаџи Јанев“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.