Германската канцеларка Ангела Меркел на церемонијата на именување на нов министер за правда, стоејќи до претседателот Франк-Валтер Штајнмајер повторно не изгледаше добро и се тресеше.
На Меркел и била понудена чаша вода, но таа одби.
Дел од медиумите објавија дека Меркел по половина час пристигнала во Парламентот и изгледала добро.
Слична сцена се случи и пред десет дена на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски.