На денот кога премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев тргна со карванот под мотото „На прав пат сме“, од Македонија на пат во странство заминаа шест автобуси со млади лица.

Весникот на албански јазик Лајм објави видео на кое се прикажани полни автобуси со млади лица, за кои пишува дека се претежно од скопски Сарај и од Тетово, а кои го фатиле „правиот пат“ за во странство.

– Видео од Сарај, си оди младината, шест полни автобуси со нашата младина. Тага и солзи во нивните лица, пишува Лајм.

Оваа видео приказна е само уште една потврда дека младите секојдневно ја напуштаат Македонија и заминуваат во Германија, Италија и другите европски земји.

И додека секојдневно слушаме самопофалби од власта дека „платите растат, невработеноста е со историски најниска стапка“ полни автобуси од сите краишта на Македонија ја напуштаат татковината.

Пред десетина дена објавивме приказна за автобуски конвој со млади кои ја напуштаат Македонија и од Источна Македонија.