По самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Солун лидерите од регионот, заедно со германскиот канцелар Олаф Шолц и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, беа на вечера организирана од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.
Пред вечерата, на снимка може да се види како премиерот на Македонија Димитар Ковачевски разговара со Олаф Шолц и притоа во разговорот Еди Рама дофрла дека Ковачевски е премиер на државата која во иднина ќе биде Западна Бугарија. На ова македонскиот премиер се изнасмеа.
Моментот можете да го забележите точно на 1 минута од видеото.