НАТО значи професионализам, ред и процедури, а не политизација, субјективизам и корупција, изјави денеска Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со начинот на кој што Радмила Шекеринска го води Министерството за одбрана, го загрозува угледот кој Армијата на Република Македонија го градеше со години. Скандал го тресе Министерството после испраќањето на последната воена мисија во Авганистан. Со лична, партиска и политичка, а не професионална одлука, Шекеринска упати несоодветен персонал во последната мировна мисија. За тоа колку е мотивиран и професионален персоналот што го испраќа во Авганистан говори и фактот што дел од кандидатите воопшто не биле заинтересирани, ниту се јавиле на конкурсот распишан од министерството, истакна Нацев.

Тој додава дека кандидатите кои Шекеринска ги испраќа ниту ги имаат поминато здравствените и физичките тестови предвидени со конкурсот

-Значи, дел од кандидатите кои Шекеринска ги испраќа ниту ги имаат поминато здравствените и физичките тестови предвидени со конкурсот, ниту за нив е направена проверка дали ги поседуваат соодветните НАТО сертификати, ниту е утврдено дали го познаваат англискиот јазик на неопходното ниво од 70%. Скандалозно, додаде тој.

-Да се исфрлаат професионалци кои го минале конкурсот и на нивно место да се ставаат партиски послушници е огромен удар врз армијата. Не само што ги демотивира професионалците кои сакаат и можат да одговорат на задачите, туку заради несоодветната селекција ги доведува во ризик сите членови на мировната мисија во Авганистан, вклучувајќи ги и нашите партнери, порача Нацев.

Дали за министерката за одбрана е доволно нејзиниот кандидат да е само партиски активист на СДСМ или да е дел од коалицијата на власт, прашува Александар Нацев

-Ваквиот однос на Шекеринска кон армијата е само продолжение на нејзиниот предлог за дополна и измена на законот за служба во Армијата во делот на поставување и унапредување на офицери во повисоки чинови. Со тој предлог Шекеринска би го заокружила целокупниот процес на ПАРТИЗАЦИЈА на Армискиот состав т.е директно врши упад во системот на командување и контрола на Генералштабот во Армијата, вели Нацев.

-Бараме Јавното обвинителство и надлежните институции во Република Македонија да ги испитаат сите овие наводи зашто се прекршуваат процедурите во изборот и упатувањето на персоналот во мисија. Дали позадината на ова е корупција и земање на мито под закрила на министерката за одбрана, парашува Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.

https://www.youtube.com/watch?v=fJkiRJaqCoo&feature=emb_logo