Мирна колона граѓани денеска попладне направи протестна прошетка низ Белград наспроти најавената Парада на гордоста во Србија.
Насобраните граѓани носеа српски знамиња, а некои икони на православни светци. На чело на колоната беше развиорено знаме на кое пишуваше:
„Свети оче Саво, моли се на Бога за нас“.
Протестот, како што објави српскиот портал Курир, поминал мирно.