Денеска видовме како актуелната власт го слави Илинден во Крушево, во Пелинце и на скалите пред претседателската вила на Водно во Скопје.

Атмосферата од овие прослави, без народ, изгледаше траорно и повеќе налик на погреб отколку на прослава на најсветлиот национален македонски празник Илинден.

Од видеото можете да видите како слави народот, кога актуелната власт не е организатор. Спроти Илиднен од Скопје тргна традиционалната комитска коњица, а нивниот пречек и атмосфера во велешкото село Теово беше со повеќе народ и повеличествен отколку денешните прослави во Пелинце, Крушево и пред скалите на вилата на Водно.

Коњаниците кои од Скопје тргнаа на 27 јули од црквата Св. Петар и Павле во Лисиче попатно беше пречекувана со восхит од народот и народни веселби и на повеќе други места каде што престојуваа. Годинава во нивниот состав имаше и три девојки.

Видеото може да го отворите и ТУКА.

Пречек на коњаницата во Теово 2019

Во пресрет на големиот Илинден, на 29 – ти јули во село Теово, Велешко беше пречекана Коњаницата која тргна на 27 – ти јули од црквата Св. Петар и Павле, Лисиче.Коњаницата беше срдечно пречекана од мештаните и дел од тимот на авторот Ниче Димовски, од кого на подарок ги добија неговите книги.

Gepostet von Вистината за вечноста am Donnerstag, 1. August 2019