Фудбалерите на Јапонија го привлекоа вниманието на светската јавност со победата над репрезентацијата на Колумбија (2:1) на Светското првенство во Русија, а навивачите од Јапонија исто така.
Педантните Јапонци, по прославата на триумфот, го собраа сиот отпад што го направиле славејќи, и со тоа ги заработија симпатиите не само на навивачите од Колумбија, туку и од целиот свет. По лудата прослава на јапонските навивачи, тие не оставија ниту една пластична чаша и друг отпад.
Слично како Јапонците, и Сенегал ја победи фаворизираната Полска (2:1), а навивачите од оваа африканска земја, по прославата, го собраа сиот отпад на куп, за да им ја олеснат работата на луѓето кои се задолжени за хигиената на стадионот.