Одржувањето на престижното рели „Дакар“ во 2019 година може да се случи да не се одржи. Трката требаше да се одвива целосно на територијата на Перу, но оваа земја се соочи со одредени економски и организациски проблеми.

Организаторите од Перу ветија дека ќе се обидат да направат се што е во нивна можност трката да го задржи континуитетот, но признаваат дека нејзиното одржување е доведено во прашање поради буџетски ограничувања.

Претходно, Аргентина, Чиле и Боливија одбија да бидат домаќини на релито, исто така поради економски причини.

„Дакар рели“ почна во 1979 година и се до 2007 година се возеше низ Сахара. Во 2008 година не се одржа поради закани од терористички напади, а во 2009 година за првпат е возена во Јужна Америка.